„Галаксијата на Супер Марио“ и научно фантастичниот „Хеил Мери“ продолжија да владеат со американскиот Бокс офис, откако новиот хорор блокбастер „Мумијата“ на Ли Кронин стигна само до третото место викендов.

„Супер Марио“ остана на првото место со заработка од 36 милиони викендов во САД и вкупна заработка од 747 милиони долари глобално.

На второто место останува „Хеил Мери“ со Рајан Гослинг, иако долго се прикажува, со заработка од 20 милиони викендов. Досега филмот заработи во САД 285 милиони долаи, а глобално 573.

Хоророт „Мумијата“ заработи скромни 13, 5 милиони долари во дебитантскиот викенд со слаби критики.

Слични новости

Шпанската вакцина Ноус -209 дава охрабрувачки резултати во борбата против ракот

Шпанската вакцина Ноус -209 дава охрабрувачки резултати во борбата против ракот

Шпански истражувачки тим денеска соопшти дека експерименталната вакцина Ноус-209, наменета за превенција на рак на дебелото црево кај ризични пациенти, покажа силен имунолошки одговор без сериозни нуспојави