Анимираната серија „теминатор Зеро“ на стримерот Нетфликс е откажана и веќе нема да се снимаат нови сезони.
Креаторот на серијата Матсон Томлин напиша на платформата „Х“ дека и покрај добрите оценки од критиката и одличните реакции на публиката, серијата се откажува затоа што не успеала да привлече доволен број на гледачи.
Откажувањето на „Терминатор Зеро“ кое ја имаше премиерата во Август 2024 не е големо изненадување бидејќи во ниту еден момент не успеа да се пласира меѓу десетте најгледани серии на Нетфликс, ниту пак се покажа во мерењата на Нилсен.
Слични новости
Ѓаволот носи Прада 2, падна на второто место на Бокс офисот
Студиото Дизни е презадоволно, затоа што „Ѓаволот носи Прада 2“ стана најгледан женски филм по Барби со заработка од 546 милиони долари глобално за три недели прикажување.
Психолошкиот хорор „Опсесија“ ги надмина очекувањата
Психолошкиот хорор доби извонредни оценки како од публиката, така и од критичарите и дури 94 насто од Ротен томејтоус.
Идната недела светска премиера на „Мандалоријанецот и Грогу“ прв филм од франшизата „Војна на ѕвездите“ по седум години
Филмот „Мандалоријанецот и Грогу“ на американскиот режисер Џон Фаворо започна со затворени проекции за филмските критичари, пред светската премиера на филмот која е закажана за 22 мај.


