Стримерот Нетфликс ги откупи правата на серијата „Сиот тој гнев“ од авторите Лиз Фелдман и Кели Хачинсон кои соработуваа и на сериите „Мртов за мене“ и „Мечкина услуга“. Нетфликс исто така, го продолжи договорот со Фелдман која изминатите шест години работи со Нетфликс.
Новата серија „Сиот тој гнев“ е црна комедија, во чиј центар се две другарки Ема и Ели, стари другарки кои повторно се зближуваат по долго време на отуженост и наоѓаат нова цел во тоа да му го загорчат животот на ќовекот што им го уништил пријателството.
Освен Лиз Фелдман и Кели Хачинсон извршни продуценти на серијата ќе бидат и Вил Фарел и Џесика Елбаум.
Слични новости
Актерот од серијата „Брејкинг бед““ Ар Џеј Мити пронајден мртов на 34-годишна возраст
Како што пренесува „Варајети“, не е позната точната причина на смртта на Мити, а сомневањата се дека извршил самоубиство. Како и ликот што го играше во серијата и Мити боледуваше од церебрална парализа
Дивиот свет на планетата Земја исчезнува со алармантна брзина
Просечната големина на популациите на диви рбетници е наланеа за дури 73 насто во изминатите 52 години, се наведува во извештајот за состојбата на планетата што го објави Светската организација за заштита на природата.
Се продава на аукција секирата од „Шајнинг“ култниот хорор на Стенли Кјубрик со Џек Николсон
Секирата со која Џек Николсон ја сними една од најпознатите сцени во филмската историја оди на аукција. Реквизитот од „Шајнинг“ се проценува меѓу 30.000 и 50.000 фунти, односно до околу 58.000 евра.


