На повеќе од 60 проценти обработени гласачки места, актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху е во благо водство. Сепак, израелските медиуми предупредуваат дека до крајот на пребројувањето ситуацијата може да се смени, затоа што голем дел од обработените гласови доаѓаат од региони каде што Нетанјаху и неговата партија Ликуд, традиционално имаат силна поддршка.
Лидерот на опозицијата поранешниот начелник на Генералштабот на израелската армија Гади Ајзенкот денеска порача дека гласањето покажало оти мнозинството Израелци сакаат тој да си замине од власта.
Излезните анкети објавени синоќа по затворањето на гласачките места укажуваа на тесна победа на опозицијата.
На изборите во Израел имаше невообичаено висока излезност од дури 77 проценти, а посебно изненадување приредија и Израелските Арапи, кои исто така масовно излегоа на гласање. Тоа резултираше со рекорден број пратеници на Арапските партии во израелскиот Кнесет, што беше постигнато на сметка на помалите израелски партии кои поради високиот одзив не успеаја да го поминат изборниот праг од 3,25 проценти.
Се чини дека ниту Нетанјаху, ниту Ајзенкот нема да имаат доволен број пратеници за да формираат мнозинство, а и двајцата ја отфрлија можноста за коалицирање со партиите на Арапите.
Слични новости
Саудиска Арабија ја одби воената помош на Израел против Хутите и покрај зачестените напади врз нејзина територија
Бенјамин Нетанјаху настојувал со помош на САД, да добие согласност од Саудиска Арабија за директно воено ангажирање на Израел во Јемен, но официјален Ријад ја одби понудата бидејќи смета дека воената соработка со Израел би можела да предизвика силно незадоволство на саудиската јавност.
Доналд Трамп сака и трет мандат: Би сакал уште четири години во Белата куќа
Амандманот 22 на американскиот Устав, ратификуван во 1951, изрично пропишува дена ниту една личност не може да биде избрана на функцијата претседател повеќе од два пати, а ова е втор мандат на Трамп.
Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО
Радев наведе дека е свикана вонредна седница на Советот за безбедност во Бугарија на која се добиени информации за нови напади врз бродови во Црното море. Еден брод е погоден на 17 наутички милји источно од Крапец, кој потонал, а спасен е само еден член на екипажот.


