Народната банка на Македонија информира дека во насока на натамошно проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, од денес, 25 ноември, правните лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во Банката, доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги.
Физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги.
Оваа можност се однесува на новите приливи врз сите основи, вклучувајќи ги и новите приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми коишто имаат сметки во други банки и даватели на платежни услуги.
Слични новости
Продолжува надзорната расправа за Алта банка во Собранието
Претседателката на собраниската комисија Сања Лукаревска од СДСМ предупреди дека дел од сведоците што треба да присуствуваат на надзорната расправа за Алта банка по вторпат се на службен пат токму во времето на одржување на седницата.
„Ниту една повеќе“ повикува на протест: Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат!
Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.
Мицкоски: Најмалку поддржувам национализација на вториот пензиски столб
Сите реформи кои се правени во вториот пензиски столб во Европа имаа неколку сценарија, едно е национализација и тука ќе бидам личен и ќе кажам дека сум човек кој најмалку поддржува такво решение


