Американската професионална кошаркарска лига објави листа од тројца кандидати за најкорисен играч на сезоната МВП: Никола Јокиќ од Денвер, Виктор Вембенјама од Сан Антонио и Шеи Гилџес Александар од Оклахома.

Фаворит според американските медиуми е ШГА кој во просек постигнува над 30 коша по натпревар, кој и минатата година беше прогласен за МВП на лигата.

Јокиќ има историска сезона со трипл дабл во просек и за прв пат еден играч е прв и по бројот на сковои и на асистенции. Вембенјама е прв по блокади, а неговото влијание врз тимот е огромно, па Сан Антонио од аутсајдер минатата година, сезонава беше втор.

 

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.