НБА финалето ги обедини Њујорчани, кои ја чекаат титулата на Њујорк Никс од 1979. Во сите пет острови во Њујорк се поставени големи видео бимови каде што Њујорчани навиваат, но големиот спектакл е во Медисон Сквер Гарден каде што просечната цена на влезница е 8.000 долари, а поскапите одат од 65.000 долари и повеќе.

Финалето во Њујорк го следат огромен број на популарни лица: актерите Тимоти Шаламе, Мариска Харгитеј, Адам Сендлер, Бен Стилер, Мајкл Фокс, Мајкл Империоли и огромен број популарни личности од шоу бизнисот. На третиот натпревар беа и политичарите Доналд Трамп и Зохран Мамдани.  

На натпреварите на Никс е секогаш режисерот Спајк Ли, а камерите ја забележаа и мега ѕвездата Тејлор Свифт.

Слични новости

„Скери муви“ прв на американскиот Бокс офис

„Скери муви“ прв на американскиот Бокс офис

По повеќе од една деценија се појави шестиот филм од франшизата „Скери муви“ кој ја потврда силината на оваа франшиза, освојувајќи го убедливо првото место на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 55 милиони долари.

Филмот „Галаксијата на Супер Марио“ стана првиот филм во 2026 што заработи над една милијарда долари

Филмот „Галаксијата на Супер Марио“ стана првиот филм во 2026 што заработи над една милијарда долари

Анимираниот филм „Галаксијата на Супер Марио“ направен според популарната видео игра, стана првиот филм во 2026 што ја надмина добивката од една милијарда долари на Бокс офисот.