Анимираниот филм „Галаксијата на Супер Марио“ направен според популарната видео игра, стана првиот филм во 2026 што ја надмина добивката од една милијарда долари на Бокс офисот.
Филмот на студиото Универзал заработи 428,5 милиони долари во САД и 571,5 милиони долари на глобалните пазари.
Претходниот филм од франшизата „Супер Марио Брос“ заработи 1,3 милијарди долари на Бокс офисот, и со овие два филма анимираната франшиза стана една од најлукративните во Холивуд со заработка од 2,3 милијарди долари.
Биопикот „Мајкл“ стигна до заработка од 888 милиони долари овој викенд и исто така се приближува до заработката од милијарда долари.
Слични новости
Мајкл Даглас и Вилијам Дефо ќе глумат во новиот филм на режисерот Оливер Стоун
Холивудскиот режисер Оливер Стоун ја завршува продукцијата на филмот „Белите лаги“ што се снима во Италија со актерски ветерани, кои и претходно играа во неговите филмови.
Финалето на НБА најгледано од ерата на Мајкл Џордан
Третиот натпревар од финалето на НБА лигата меѓу Њу Јорк Никс и Сан Антонио Спарс го следеа повеќе од 26 милиони гледачи во САД, што се доближи до надмина рекордот на гледаност од 1998 кога во финалето играа Чикаго Булс и Јута Џез во ерата на мега ѕвездата Мајкл Џордан.
На финалето на НБА во Медисон Сквер Гарден преполно од ѕвезди од шоу бизнисот
Финалето во Њујорк го следат огромен број на популарни лица: актерите Тимоти Шаламе, Мариска Харгитеј, Адам Сендлер, Бен Стилер, Мајкл Фокс, Мајкл Империоли и огромен број популарни личности од шоу бизнисот. На третиот натпревар беа и политичарите Доналд Трамп и Зохран Мамдани.


