Минатата недела по долготрајна иисцрпувачка правна борба на социјалните мрежи беше пуштено видеото од апсењето на Џастин Тимберлејк кого полицијата го сопре во малиот град Саг Харбор поради серија сообраќајни прекршоци направени под дејство на алкохол.

Видеото не е целосно пуштено, откако адвокатите на музичката и филмска ѕвезда тврдеа дека делови од видеото длабоко ја нарушуваат приватноста на Тимберлејк.

Откако беше уапсен од полицијата и со лисици спроведен во станица каде што ја мина ноќта, градот бараше целото видео да биде емитувано, но адвокатите на Тимберлејк долго водеа правна битка за понижувачкото апсење да не биде достапно за милионска публика.

На крајот е емитуван материјал од 8 часа од апсењето на Тимберлејк, а на социјалните мрежи се води жолчна полемика околу оправданоста на овој потег.

Слични новости

Слика од Пикасо за 100 евра

Слика од Пикасо за 100 евра

Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“