Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година.

Главна причина на растот е јавниот долг, кој е зголемен за 463 милиони евра и достигна 5,9 милијарди евра.

Во Народната банка посочуваат дека најголем дел од растот произлегува од новата емисија на еврообврзници во вредност од една милијарда евра, при што истовремено бил извршен предвремен откуп на дел од претходна еврообврзница во износ од 384 милиони евра.

Приватниот сектор исто така ја зголемил задолженоста кон странство за 280 милиони евра, при што најголем раст е регистриран кај капитално поврзаните компании и банките.

Слични новости

Америка одобри 17,5 милијарди долари за развој на нуклеарната енергетика

Америка одобри 17,5 милијарди долари за развој на нуклеарната енергетика

Американското министерство за енергетика соопшти дека обедеи 17,5 милијарди долари за поддршка за изградба на нови нуклеарни електрани и засилување на домашниот синџир за снабдување во секторот на нуклеарна енергија.

Цената на нафтата брент падна на 76 долари за барел

Цената на нафтата брент падна на 76 долари за барел

Цените на нафтата и денеска остварија благ пад, бидејќи се повеќе се смирува стравот од недостиг на нафта на берзите. Сировата нафта денеска се продаваше за 72 долари за барел, а референтната нафта „Брент“ за 76 долари за барел.