Американското министерство за енергетика соопшти дека обедеи 17,5 милијарди долари за поддршка за изградба на нови нуклеарни електрани и засилување на домашниот синџир за снабдување во секторот на нуклеарна енергија.

Министерот за енергетика на САД Крис Рајт изјави дека програмата би требала да овозможи изградба на 10 големи нуклеарни реактори до 2030 во САД, со што реализацијата на планираните проекти би била забрзана за три години, пренесе Ројтерс.

Во проектите ќе учествуваат Вестингхаус и енергетски компании кои ќе мора да обезбедат почетен капитал од по 500 милиони евра, за да може да користат државни средства.

Слични новости

Европската унија предлага строги правила за клауд услугите на Мајкрософт и Амазон

Европската унија предлага строги правила за клауд услугите на Мајкрософт и Амазон

Европската унија предложи клауд сервисите на компаниите Мајкрософт и Амазон да бидат опфатени со строгите правила од законот за дигитални пазари.
Оваа мерка би значела дополнителни регулаторни обврски за најголемите комапнии од сферата на услугите во клауд

Цената на сировата нафта падна под 70 долари за барел

Цената на сировата нафта падна под 70 долари за барел

Цените на нафтата и денеска паѓаат, а цената на сировата нафта после долго време падна под 70 долари за барел. Денеска на берзите сировата нафта се продаваше за 69,4 долари за барел, а нафтата „Брент“ се продаваше за 72,6 долари за барел.