„Немам намера да поддржам авантура без извесен крај“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски пред посетата на претседателот на Европскиот совет Кошта во Скопје. Три децении граѓаните беа сведоци на вакви гимнаситики и сме на исто место каде што бевме пред 25 години. Не може да очекувате дека ќе дојде некој висок европски политичар и ние да го смениме ставот“ изјави премиерот Мицкоски.

Ако европските политичари се едногласни дека нема да има нови условувања, тогаш најмалку што можеме да добиеме ние како држава е да добиеме нози заклучоци во кои ќе ставиме се. На тој начин ќе се потврди поддршката и довербата, порача Мицкоски.

Мицкоски ја обвини Софија дека порачува оти проблемот е меѓу Македонија и ЕУ, но кога Македонија сака да преговара со Брисел, Софија порачува дека не може разговори без Бугарија.

Слични новости