И покрај тоа што е во петттата деценија од животот Лука Модриќ сезонава е еден од најдобрите играчи на Милан и управата на клубот му нуди да го продолжи договорот за уште една година.
41 годишниот Модриќ, минатото лето замина од Реал Мадрид и дојде во Милан, а „Газета дело Спорт“ пишува дека управата на Милан му понудила на Модриќ продолжување на договорот за уште една година, бидејќи договорот му истекува на крајот од оваа сезона.
Модриќ сезонава одигра 26 натпревари за Милан и постигна два гола и три асистенции.
Слични новости
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН
Крај на сезоната за Џејми Гитенс од Челси
Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана
Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.