Бразилскиот клуб Коринтијанс соопшти дека го продолжил договорот со холандскиот фудбалер Мемфис Депај, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Депај ќе потпише нов двогодишен договор со клубот, а одлуката ја одобрил Управниот одбор на Коринтијанс.

Претходно раководството на бразислкиот тим најави дека нема да продолжи соработката со холандскиот фудбалер. Во последен миг се случи пресврт, а претседателот на клубот изјави дека е среќен што успеале да обезбедат доволен број на гласови на Управниот одбор.

32 годишниот Депај во Коринтијанс стигна во септември 2024. Тој за бразислкиот клуб одигра 79 натпревари на кои постигна 20 голови.

Слични новости

Маркус Рашфорд одби да се пресели во Фенербахче

Маркус Рашфорд одби да се пресели во Фенербахче

Откако обезбеди учество во Лигата на шампионите Фенербахче кој доведе многу засилувања го сакаше и Маркус Рашфорд за кого понуди 25 милиони евра, но Рашфорд одби било какви преговори со турскиот клуб.

Мароканецот Ајуб Бујади ново засилување на Манчестер сити

Мароканецот Ајуб Бујади ново засилување на Манчестер сити

Досегашниот фудбалер на Лил и ребрезентативец на Мароко Ајуб Будаи потпиша договор со Манчестер сити до 2013 -та година, соопшти клубот од Англија. Клубот не ги објави финансиските детали за трансферот, но британските медиуми пишуваат дека Манчестер сити платил за Буади 85,6 милиони фунти.