Напаѓачот на Манчесте јунајтед Маркус Рашфорд ја одби понудата на турски Фенербахче. Откако обезбеди учество во Лигата на шампионите Фенербахче кој доведе многу засилувања го сакаше и Маркус Рашфорд за кого понуди 25 милиони евра, но Рашфорд одби било какви преговори со турскиот клуб.
Според некои извори, Рашфорд се надева дека ќе потпише за Арсенал на крајот од преодниот рок, доколку англискиот шампион не успее да го доведе Хилијан Алварез од Атлетико Мадрид.
Во тој случај Рашфорд би му бил конкуренција на Гркот Христот Цолис на левотот крило. Рашфорд се врати во Манчестер јунајтед, откако Барцелона не го искористи правото да го купи англискиот напаѓач за 30 милиони евра.
Слични новости
Кристијано Роналдо повторно на списокот на селекторот на Португалија
Роналдо претходно кажа дека овогодишното Светско првенство во фудбал му е последно и дека ова за него ќе биде последна сезона, но не беше категоричен кога ќе се прости од националниот дрес на Португалија.
Вечерва почнува петтото коло на Премиер лигата со мечот Брентфорд – Челси а главна енигма е дали ќе игра Жоао Педро
Тренерот на Чесли Чаби Алонсо одби да каже дали во неговиот состав вечерва ќе игра бразилската ѕвезда Жоао Педро. Тој беше изоставен од списокот на Карло Анчелоти за Светското првентсво во фудбал летоска, па откако сега беше повикан да игра за Бразил го откажа присуството со оправдание дека е повреден.
Интер од Мајами го освои Сверноамериканскиот куп на шампиони со 100-тиот гол на Меси
Фудбалерите на Интер од Мајами за прв пат во историјата на клубот го освоија Купот на шампиони што е дуел меѓу шампионот на американската МЛС лига и првакот на Мексико.


