Американците се поделено општество, па затоа документарниот филм за американската прва дама „Меланија“ предизвика огромни контроверзи, а Џими Кимел изјави дека Амазон МГМ студиото не го купил филмот за 75 милиони долари, туку дека тоа било „поткуп“.
Сите сериозни филмски критичари во САД и Европа го нарекоа филмот „одвратен“ и ниска пропаганда, а Ротен томејтоус му дава скор од мизерни 6 проценти. Од друга страна публиката што го гледаше филмот (приврзаниците на Трамп) му дадоа на филмот скор од дури 99 проценти.
Ова е нејаголемиот јаз меѓу мислењето на критиката и публиката во историјата на филмот. Ротен томејтоус соопшти дека и нивните бројки од публиката се точни и дека нема никаква манипулација со бројките.
Слични новости
„Металика“ блиску до договор за серија концерти во Сфера во Лас Вегас
Членовите на метал бендот „Металика“ се блиску до договор за серија на концерти во футуристичката арена Сфера во лас Вегас во 2027, пренесе весникот „Сан“.
Гитарскиот прозиводител Гибсон најави сензационална соработка со Кит Ричардс
На светскиот пазар ќе се појават само 50 примероци од Гибсонот 1960 со потпис на Кит Ричардс.
Прва медицинска евакуација на НАСА – поради астронаут на кој му е потребна лекарска нега
Астронаут на кој му е потребна лекарска нега ја напушти Меѓународната вселенска станица со тројца членови на екипажот, во првата медицинска евакуација на НАСА.
