Членовите на метал бендот „Металика“ се блиску до договор за серија на концерти во футуристичката арена Сфера во лас Вегас во 2027, пренесе весникот „Сан“.

Преговорите биле речиси завршени, а бендот разговара со тимовите на Сфера планирајќи спектакуларно шоу.

Извори блиски на Сфера изразуваа огромна возбуда, верувајќи дека „Металика“ ќе донесе поинакво чувство во оваа иновативна арена.

Тапанарот на бендот Ларс Улрих откри дека продукцискиот тим на бендот веќе ја посетил Сфера и ја гледа како почетокот на нови поглавја во живите настапи на бендот.

Слични новости

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

За утре е закажана официјалната премиера на биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон „Мајкл“,а на социјалните медиуми веќе почна лудилото дека кралот на попот се вратил. Филмот ќе биде достапен низ кино салите ширум светот од 24 април.