На јубилејното 6о-то издание на филмскиот фестивал во Карлови Вари идниот месец почесните награди ќе им бидат доделени на актери Меги Гиленхал и Џеси Еизенберг.
Филмскиот фестивал соопшти дека наградите се доделуваат на „две исклучителни личности кои заначајно придонесоа за обликувањето на современиот филм“.
Гиленхал ќе ја добие наградаа за време на церемонијата на отварањето на фестивалот на 3-ти јули, каде што ќе биде прикажан нејзиниот најнов филм „Невестата“, во кој познатата актерка се претставува пред публиката и како режисерка.
Еизенберг ќе биде претставен со неговиот филм „Дебитантот“ во кој главните улоги го толкуваат Џулијана Мур и Пол Џиајамати.
Слични новости
Велика Британија го истражува спојувањето на „Парамаунт“ и „Ворнер“
Британската управа за заштита на конкуренцијата и пазарот соопшти дека започна истрага за купувањето на Ворнер од страна на Парамаунт вредно 110 милијарди долари. Истрагата ќе утврди дали трансакцијата би можела значајно да ја наруши конкуренцијата на пазарот на Обединетото кралство, пренесе Телеграф.
„Скери муви“ прв на американскиот Бокс офис
По повеќе од една деценија се појави шестиот филм од франшизата „Скери муви“ кој ја потврда силината на оваа франшиза, освојувајќи го убедливо првото место на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 55 милиони долари.
Филмот „Галаксијата на Супер Марио“ стана првиот филм во 2026 што заработи над една милијарда долари
Анимираниот филм „Галаксијата на Супер Марио“ направен според популарната видео игра, стана првиот филм во 2026 што ја надмина добивката од една милијарда долари на Бокс офисот.


