Фудбалскиот клуб Ливерпул ги почна преговорите со шпанскиот тренер Андони Ираола, објави денеска Скај спорт.

Британските медиуми потсетуваат дека Ливерпул бара нов менаџер откако на 30 мај ја раскина соработката со Холанѓанецот Арне Слот, кој минатите две години беше тренер на англискиот клуб.

Ираола на крајот од оваа сезона го напушти Борнмут, каде што беше тренер од 2023. Борнмут заврши на шестото место на табелата на Премиер лигата и избори место во Лига Европа.

Преговорите со Ираола ги води спортскиот директор на Ливерпул Ричард Хјуз. Ливерпул идната година ќе игра во Лигата на шампионите.

Слични новости

Студентите во Србија организираат нов протест за демократизација на Србија и вонредни избори

Студентите во Србија организираат нов протест за демократизација на Србија и вонредни избори

Студентите во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.