Фудбалскиот клуб Ливерпул ги почна преговорите со шпанскиот тренер Андони Ираола, објави денеска Скај спорт.

Британските медиуми потсетуваат дека Ливерпул бара нов менаџер откако на 30 мај ја раскина соработката со Холанѓанецот Арне Слот, кој минатите две години беше тренер на англискиот клуб.

Ираола на крајот од оваа сезона го напушти Борнмут, каде што беше тренер од 2023. Борнмут заврши на шестото место на табелата на Премиер лигата и избори место во Лига Европа.

Преговорите со Ираола ги води спортскиот директор на Ливерпул Ричард Хјуз. Ливерпул идната година ќе игра во Лигата на шампионите.

Слични новости

Интер ја освои 21-та титула првак на Италија

Интер ја освои 21-та титула првак на Италија

Фудбалерите на Интер ја освоија титулата шампион на Италија откако синоќа ја победија Парма со 2:0 во натпревар од 35-тото коло на Серија А. Со тоа Интер стигна до 82 бодови, 12 бодови повеќе од второпласираниот Наполи на 3 кола до крајот на натпреварувањето што е недостижна предност.

Сан Антонио во полуфиналето на Западот – Елиминиран Портланд со 4:1 во серијата

Сан Антонио во полуфиналето на Западот – Елиминиран Портланд со 4:1 во серијата

Кошаркарите на Сан Антонио се пласираа во полуфиналето на плеј офот на западната конференција на НБА лигата, откакоденеска на свој терен го победија Портланд со резултат 114:95 во петтиот натпревар од првото коло на плеј офот.