Фудбалскиот клуб Ливерпул ги почна преговорите со шпанскиот тренер Андони Ираола, објави денеска Скај спорт.

Британските медиуми потсетуваат дека Ливерпул бара нов менаџер откако на 30 мај ја раскина соработката со Холанѓанецот Арне Слот, кој минатите две години беше тренер на англискиот клуб.

Ираола на крајот од оваа сезона го напушти Борнмут, каде што беше тренер од 2023. Борнмут заврши на шестото место на табелата на Премиер лигата и избори место во Лига Европа.

Преговорите со Ираола ги води спортскиот директор на Ливерпул Ричард Хјуз. Ливерпул идната година ќе игра во Лигата на шампионите.

Слични новости

Левандовски во недела се простува од дресот на Барцелона и најверојатно заминува во Саудиска Арабија

Левандовски во недела се простува од дресот на Барцелона и најверојатно заминува во Саудиска Арабија

Роберт Левандовски нема да го продолжи договорот со Барцелона и летово ќе ја напушти Каталонија по 4 успешни сезони. Полски извори блиски до Левандовски наведуваат дека в недела Левандовски за последен пат ќе игра во дресот на Барцелона