Роберт Левандовски нема да го продолжи договорот со Барцелона и летово ќе ја напушти Каталонија по 4 успешни сезони. Полски извори блиски до Левандовски наведуваат дека в недела Левандовски за последен пат ќе игра во дресот на Барцелона, откако не прифати пониска плата и да биде резерва, за продолжување на договорот.
Иако до сега ги одбиваше понудите од Саудиска Арабија, Левандовски е сега заинтересиран таму да ја заврши кариерата, каде што веќе играат голем број ветерани на светскиот фудбал.
За четрири години во Барцелона Левандовски освои три титули, три Суперкупови на Шпанија и еден куп на кралот.
Слични новости
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН