Рома и Калјари одиграа возбудлив меч кој заврши со 4:2 за Рома. Калјари како гостин поведе со 0:1 во 10-тата минута, но Рома бргу направи пресврт и првото полувреме заврши со 2:1.
Во второто полувреме Калјари напаѓаше и израмни на 2:2 во 81-та минута. Но потоа Рома карактер и со головите на Мора во 85-тата и на Мален во 87-та минута го затвори натпреварот со убедлива победа.
Лацио изби на првото место на табелата со убедливата победа од 6:2 против Сасуоло, додека Комо иако губеше во Торино со 1:0 д 24-тата минута на натпреварот, во последните 10 минути од мечот направи преврт и стигна до трите бода со победа од 1:3.
Слични новости
Фудбалерите на Лацио по пресврт го победија Удинезе
Удинезе имаше предност во 49-тата минута со голот на Јаспер Карлстром, но гостите од Рим дојдоа до пресврт со головите на Давиде Фратези во 75-тата минута и Алберт Гудмунсон во 88-та минута од натпреварот.
Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната
Париз Сен Жермен синоќа на домашен терен загуби од Монако со 2:1 и по три кола во француската прва лига нема ниту една победа. Поразот на домашен терен против Монако уследува откако во минатото коло ПСЖ во финишот на мечот спаси бод против Лил, а во првото коло одигра нерешено 2:2 против Рен.
Бешикташ славеше со 2:1 во дербито против Фенербахче
Домаќините поведоа со голот на Шкрињар во 26-тата минута. Ридван Јилмаз израмни на 1:1 во 38-та минута, а конечниот резултат го постави Душан Влаховиќ во 73-тата минута од мечот по прекрасна акција на Бешикташ.


