Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.
Оперативниот профит на Мерцедес-Бенц пред каматите и даноците падна за 57 насто меѓугодишно, додека вкупниот приход од продажбата е понизок за 9 насто и изнесува 132,2 милијарди евра.
Компанијата се обиде да го ублажи ударот со заштедите од над 3 и пол милијарди евра во секторот на патнички автомобили, но тоа не беше доволно да се надоместат загубите на светскиот пазар.
Главните причини за слабите резултати се посилната конкуренција, високите царини и неповолните валутни курсеви.
Особено болна точка за Мерцедес е Кина која со години беше најважен пазар и главен извор на приходи. Во Кина продажбата во минатата година е падната за околу 20 проценти, затоа што домашните кинески брендови стануваат се подоминантни, затоа што нудат поевтини и модерни решенија кои полека ги потискуваат европските гиганти.
Слични новости
Цените на нафтата скокнаа по новите напади на САД врз Иран
Фјучерсите на суровата нафта „брент“ се зголемија за 3,51 долари, односно 3,72 отсто, достигнувајќи 97,8 долари за барел. Фјучерсите на американската сирова нафта ВТИ се зголемија за 3,31 долари, или 3,73 отсто, достигнувајќи цена од 91,99 долари за барел.
Американските берзи во плус поради оптимизмот за договор со Иран
Оптимизмот околу можен договор за прекин на конфликтот со Иран позитивно влијаеше врз финансиските пазари.
Пад на европските берзи по американските напади врз Иран
Индексот на Франкфуртската берза ДАКС денеска падна за 0,25 насто, францускиот ЦАЦ падна за 0,29 насто, додека Лондонскиот ФТСЕ порасна за 0,76 насто.


