Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.
Оперативниот профит на Мерцедес-Бенц пред каматите и даноците падна за 57 насто меѓугодишно, додека вкупниот приход од продажбата е понизок за 9 насто и изнесува 132,2 милијарди евра.
Компанијата се обиде да го ублажи ударот со заштедите од над 3 и пол милијарди евра во секторот на патнички автомобили, но тоа не беше доволно да се надоместат загубите на светскиот пазар.
Главните причини за слабите резултати се посилната конкуренција, високите царини и неповолните валутни курсеви.
Особено болна точка за Мерцедес е Кина која со години беше најважен пазар и главен извор на приходи. Во Кина продажбата во минатата година е падната за околу 20 проценти, затоа што домашните кинески брендови стануваат се подоминантни, затоа што нудат поевтини и модерни решенија кои полека ги потискуваат европските гиганти.
Слични новости
Цените на горивата во ЕУ во април зголемени за 20,8 насто
Цените на горивата во Европската Унија продолжија да растат и во април, со годишно зголемување од 20,8 проценти, покажуваат податоците на Евростат.
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни
Владата соопшти дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“.
Акциите на компанијата Дел скокнаа за 30 насто во еден ден поради побарувачката за сервери за вештачка интелигенција
Американската компанија оствари приход само од серверите за вештачка интелигенција од 16,1 милијарда долари. Со тоа за прв пат серверите за вештачка интелигенција го надминаа приходот од серверите за персонални компјутери кои изнесуваат 14,6 милијарди долари, пренесе Ројтерс.


