Европската комисија во работниот документ доставен пред состанокот со државите од евризоната предупредува дека Унијата се соочува со можни прекини во снабдувањето со енергија.

Во првите 17 дена од кризата со Иран, ЕУ потрошила околу шест милијарди евра повеќе за увоз на фосилни горива. Иако обновливите извори покриваат 48 отсто од потрошувачката на струја, транспортот останува силно зависен од увозот, поради што ЕК смета дека е итно забрзување на транзицијата кон електрифицирана економија.

Комисијата нагласува дека нискојаглеродната електрификација е единствено трајно решение за енергетската сувереност на Европа.

Како краткорочни мерки се предлага директна поддршка за најранливите домаќинства и индустрии, но под услов тие да бидат привремени и да не го поттикнуваат прекумерното трошење.

 

Слични новости

Нов штрајк во „Луфтханза“

Нов штрајк во „Луфтханза“

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.