Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.

Гитенс се повреди во победата на Челси врз Вест Хем од 3:2 минатата недела и изостана од реванш натпреварот во полуфиналето на Лига купот против Арсенал.

Менаџерот на Челси Лиам Росониер не го прецизираше точниот период што ќе му биде потребен на Гитенс да се опорави од повредата, но најави дека крилото ќе отсуствува подолг период.

Позитивна вест за Челси е дека Кол Палмер и Естевао, ќе бидат стартери на мечот против Вулвси.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.