Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Прворангирана на листата за нов член на ДКСК со најмногу бодови,  е Катерина Зајковска со 90, 67 бодови, а Комисијата за селекција оценила дека врз основа на дадените одговори кандидатката има големо искуство во борбата за спречување на корупцијата и судирот на интереси и има јасна визија за работата на ДКСК и план за нејзината работа.

Зајковска доаѓа како вработена во антикорупциската комисија на позиција раководител на секторот за следење на финансирањето на политичките партии и кампањи. Таа треба да ја наследи Цвета Ристовска која си даде оставка.

Слични новости

Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител

Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.

Нино Васев останува во притвор

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.

„Стоп за Усје“ ја обвини општина Кисела вода дека намерно крие колку загадува Усје

Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела Вода, посочувајќи дека од Општината добиле лажни информации во врска со мерната станица која Општината ја постави во Усје.