Предупредувањето за можен раст на цената на кондомите стана вирално во Кина што предизвика дебтаи во социјалните медиуми, а населението почна да прави залихи.
Поводот за оваа реакција е изјавата на директорот на малезиската компанија „Карекс“ кој е водечки светски прозиводител на кондоми, дека цените би можеле да пораснат за 30 насто и повеќе, доколку продолжи пореметувањето во синџирите на снабдувањето предизвикани од војната во Иран.
Дебатата за купување и складирање кондоми во Кина се одвива во ситуација кога властите во Кина се обидуваат со низа мерки да го поттикнат наталитетот кој е во долгорочен пад, а бројот на новородени минатата година достигна рекордно ниско ниво.
Слични новости
Слика од Пикасо за 100 евра
Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.
Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома
Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“
Стефано Габана веќе не е претседател на модната куќа „Долче и Габана“
Италијанскиот дизајнер Стефано Габана се повлече од позицијата претседател на модната куќа „Долче и Габана“ што ја осниваше заедно со Доменико Долче, соопшти компанијата.


