Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за НАТО, кои последните месеци се почесто ги доведуваат во прашање улогата и целисходноста на Алијансата, предизвикаа нова загриженост во европските политички кругови. Шефицата на европската дипломатија Каја Калас порача дека изјавите на Трамп не се одраз само на политичко незадоволство, туку и на интенција да се ослабне НАТО сојузот.
Таа рече дека внатре во НАТО немало формални барања за помош кои би можеле да послужат како основа за критиките за недоволна поддршка на САД во војната со Иран, со што се доведува во прашање оправданоста на обвиненијата на Трамп.
Таа рече дека критиките врз НАТО не се новина во настапите на американскиот претседател, но сега во контекст на зголемени трошоци за одбрана на европските земји, тие стануваат се почести и се помалку втемелени.
Слични новости
Израел го ликвидирал новиот шеф на военото крило на Хамас
Израелските власти соопштија дека во воздушен напад во градот Газа е убиен новиот командант на вооруженото крило на Хамас, Мохамед Одех.Според изјави од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, нападот се случил неколку дена по ликвидацијата на неговиот претходник.
Иран: Американски и израелски авиони ги нападнаа нашите бродови, има загинати
Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормутскиот теснец, при што загинаа „неколку ирански граѓани“, објави денес полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс.
Рубио по новите американски напади врз Иран : Ормутскиот теснец ќе биде отворен на овој или оној начин
По најновите американски напади врз Иран Рубио рече дека преговорите за договор со Иран би можеле да потраат неколку дена, но дека Ормутскиот теснец ќе мора да биде отворен преку договор или со сила.


