Италија го пропушта и третото Светско фудбалско првенство во низа, што е најголемото изненадување од баражите за пласман на Мундијалот. Тие синоќа во Зеница загубија на пенали од Босна и Херцеговина.

Данска која ја елиминира Македонија во полуфиналето со победа од 4:0, синоќа загуби од Чешка на пенали, откако во регуларниот тек натпреварот заврши 2:2.

Косово на свој терен загуби со 0:1 од Турција која обезбеди пласман на Мундијалот, а претходно пласман обезбеди и Шведска со победата од 3:2 врз Полска.

Светското фубласко пренство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.