Според најновото истражување на Универзитетот во Масачусетс, на кое се повикуваат американските медиуми, рејтингот на претседателот на САД Доналд Трамп падна на нов минимум, додека истовремено опаѓа и поддршката на неговата политика кон Иран.
Како што се наведува само 33 насто од испитаниците изјави дека го поддржува Доналд Трамп како претседател, додека дури 62 насто не ги одобруваат неговите потези. Особено е впечатливо дека дури 53 насто од анкетираните „силно се спротивставува“ на актуелниот курс на американската администрација.
Истражувањето покажува и значаен пад на поддршка на американската политика на Блискиот исток.
Само 29 насто од испитаниците му изразило поддршка на Трамп во врска со војната со Иран, додека 63 насто наведоа дека не се согласуваат со таквата политика.
Слични новости
Иран издаде ултиматум
Иран ќе ги прекине преговорите со САД за мир, доколку Израел ја продолжи воената операција против Либан, порача претседателот на иранскиот парламент Мохамед Галибаф. Тој наведе дека доколку продолжат израелските напади, Иран ќе го прекине дипломатскиот процес и ќе премина на поостар одговор.
Сирени се огласија над Кувајт, САД со напади врз иранските воени објекти
Сирени и експлозии од воздушната одбрана се слушаат утрово над Кувајт Сити. Кувајт објави дека неговата воздушна одбрана отворила оган за да пресретне дојдовен бараж од ирански беспилотни летала и ракети.
САД и Иран повторно со меѓусебни напади
САД соопштија дека викендов извеле напади врз ирански воени цели, додека Техеран тврди дека возвратил со напад врз американска воена база. Ова претставува трета позната ескалација во последната недела во областа на Ормутскиот Теснец, пренесува Би Би Си.


