Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти истекува денеска.

Намалената стапка се применува од 15 септември, а Владата треба да одлучи дали истата ќе биде продолжена и во следните две недели.

Во меѓувреме, Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди максималните цени на горивата за наредните седум дена.

Во моментов дизелот се продава за 104,5 денари за литар, еуросупер 95 за 99 денари, а еуросупер 98 за 101 денар за литар.

 

Слични новости

Сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани во петок излегува од притвор

Сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани во петок излегува од притвор

Рокот за определување на притвор за првообвинетиот за трагедијата во кочански Пулс Дејан ЈОванов истекува во петок и после 3-ти октомври нема законска можност за ново продолжување на притворот по што обвинителството смее да побара поблаги мерки за обезбедување.