Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во Македонија како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Фон дер Лајен посетата ја започна со средба со премиерот Христијан Мицкоски. Фон дер Лајен по што одржа прес конференција, а имаше средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно.
Разговарите беа фокусирани на европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ.
Посетата на Фон Дер Лајен на Западниот Балкан доаѓа во период кога ЕУ ја ревидира политиката на ЕУ кон проширувањето со Западен Балкан, како и со Украина и Молдавија.
Слични новости
И ЛДП побара одговорност од владата за бегството на Ива Михајлова
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.
Продолжува судењето за „Пулс“ – одбраната изведува докази
На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.
Груби излезе од куќен притвор – пречекан со факели во Чаир
Артан Груби, поранешен прв вицепремиер, синоќа беше пречекан со факели и димни бомби во скопски Чаир, откако Кривичниот суд му ја укина мерката куќен притвор.


