Филмот „Испратете помош“ на студијата Дизни и 20-ти Век втора недела по ред се задржа на врвот на американскиот Бокс Офис со скромна заработка од 10 милиони долари.
Големите студија не ги пуштаат блокбастерите за време на викендот кога се одржува финалето на американскиот Супербол, па затоа и бројките на Бокс Офисот се крајно скромни.
Црниот хорор -трилер на режисерот Сам Реими со Рејчел Мек Адамс и Дилан О Брајен во главните улоги засега заработи 36 милиони долари во САД и 18 милиони долари на странските пазари за 10 дена прикажување, што е повеќе од солидно за филм со скромен буџет од 40 милиони долари.
Слични новости
Филмот на Нетфликс „Авантурите на Клиф Бут“ најпрвин ќе оди во кино салите, а потоа ќе се емитува на стримерот
Филмот го режираше Дејвид Финчер според сценариото на Квентин Тарантино. Филмот е продолжение на „Беше еднаш во Холивуд“, а главната улога повторно ја толкува Бред Пит.
„Војна на ѕвездите: Мандалорианецот и Грогу“ се надева на заработка од над 80 милиони долари во премиерниот викенд
Најновиот филм од франшизата „Војна на ѕвездите“ које адаптација на серијата на Дизни „Мандалоријанецот и Грогу“ ќе ја има премиерата овој викенд. Филмските студија Дизни и Лукасфилм се надеваат на заработка од преку 80 милиони долари за викендот.
Британското радио по грешка објави дека умрел кралот Чарлс Трети
Менаџерот на радиото „Каролина“ во Велика Британија Питер Мур соопшти дека поради „компјутерска грешка“ во нивното главно студио погрешно беше емитувана вест дека умрел британскиот крал Чарлс Трети, поради што радиото им се извини на кралот и на слушателите.


