Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда соопшти денеска дека извршил напад врз американска воздухополовна база, по американскиот напад во близина на аеродромот Бандар Абас во Иран. Иранската восјка не соопшти каде се наоѓа американската воена база која била цел на нападите.
Иранските сили наведуваат дека секакво повторување на агресија врз нивната земја ќе предизвика „порешителен одговор“ и дека одговорноста за ескалацијата на Блискиот исток е кај САД.
Претходно американски танкер со нафта се обиде да мине низ Ормутскиот теснец, по што Иранците отвориле огин врз танкерот кој бил принуден да се повлече. Како одговор на тоа, американските сили бомбардираа цели во близина на градот Бандар Абас.
Слични новости
Американската амбасада во Саудиска Арабија погодена со дронови
Во амбасадата избувнал „ограничен пожар“, предизвикувајќи помала материјална штета, соопшти Министерството за одбрана на Саудиска Арабија. Дополнителни осум дронови биле пресретнати и уништени во близина на Ријад и Ал-Карџ.
Блискиот исток на раб на целосна војна, нови напади и жртви утрово
Израелските одбранбени сили утрово извршија нов бран воздушни напади врз главниот град Техеран. Сведоци известуваат за силни експлозии и чад над градот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека нападите ќе се интензивираат во наредните денови.
Иран тврди дека го погоди американски носач на авиони „Абрахам Линколн“ кој наводно ја напушта позицијата
Иранската државна телевизија ИРИБ извести дека иранските сили го погодија американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ стациониран во регионот, откако извршија напад врз носачот со крстосувачки ракети.