Два дрона ја погодија американската амбасада во саудискиот главен град Ријад, според прелиминарните информации од властите објавени рано утрово,
Американската амбасада им порача на своите граѓани веднаш да најдат засолниште и да ја избегнуваат амбасадата до дополнително известување поради напад врз објектот. Исто така, беше издадено известување за засолнување во Џеда и Дахран и беше ограничено секое патување кое не е неопходно до воените објекти во регионот.
Во амбасадата избувнал „ограничен пожар“, предизвикувајќи помала материјална штета, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Саудиска Арабија.
Министерството за одбрана подоцна соопшти дека дополнителни осум дронови биле пресретнати и уништени во близина на Ријад и Ал-Карџ.
Претходно, Стејт департментот на САД ги повика американските граѓани веднаш да напуштат повеќе од десет земји на Блискиот Исток, вклучително и Израел, поради безбедносни ризици во услови на воената ескалација во регионот.
Слични новости
Сирени се огласија над Кувајт, САД со напади врз иранските воени објекти
Сирени и експлозии од воздушната одбрана се слушаат утрово над Кувајт Сити. Кувајт објави дека неговата воздушна одбрана отворила оган за да пресретне дојдовен бараж од ирански беспилотни летала и ракети.
САД и Иран повторно со меѓусебни напади
САД соопштија дека викендов извеле напади врз ирански воени цели, додека Техеран тврди дека возвратил со напад врз американска воена база. Ова претставува трета позната ескалација во последната недела во областа на Ормутскиот Теснец, пренесува Би Би Си.
Војната и недовербата на населението го отежнуваат запирањето на епидемојата на ебола во Конго
Епидемијата на ебола во источниот дел на Конго се прошири на нови подрачја, вклучувајќи ги и зоните во кои дејствуваат оружените групи, што дополнително им отежнува на здравствените власти и меѓународните организации да го следат синџирот на ширење на заразата од вирусот и да организираат ефикасен одговор.


