Иран ќе ги запре своите напади сè додека и САД го прават истото, изјави за „Ројтерс“ висок ирански функционер. По 13 ноќи засилени американски воздушни напади врз Иран, Пентагон ја суспендираше кампањата доцна во петокот, а ниту во саботата ниту во неделата не беа регистрирани нови американски удари.
Иран, кој по секоја ноќ американски напади возвраќаше со удари врз соседните земји во кои има американски бази, исто така два дена не извршил напад. Иранскиот функционер, кој побарал да остане анонимен, изјави дека ставот на Техеран и натаму е „напад за напад“.
Трамп ги паузираше ударите по предупредувањата од воени и од политички советници, меѓу кои и Џеј Ди Венс и адмирал Бред Купер, дека кампањата ја губи ефикасноста. Во Иран, сепак, владеат страв и неизвесност. Жителите се сомневаат дека затишјето ќе трае кусо и стравуваат од ново разгорување на конфликтот.
Слични новости
Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.
САД со нови напади врз Иран
Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

