Иран ќе ги прекине преговорите со САД за мир, доколку Израел ја продолжи воената операција против Либан, порача претседателот на иранскиот парламент Мохамед Галибаф. Тој наведе дека доколку продолжат израелските напади, Иран ќе го прекине дипломатскиот процес и ќе премина на поостар одговор.

„ Доколку продолжи израелсата агресија врз Либан, не само што ќе го запреме процесот на преговорите, туку ќе влезем во директна конфронтација со непријателот“ наведе Галибаф.

Според пишувањата на иранските медиуми, Техеран веќе претходно ги прекинал посредните разговори со Вашингтон поради ескалацијата во Либан. Иранската страна тврди дека регионалниот прекин на огнот беше еден од условите за продолжување на дипломатскиот процес и дека израелската операција во Либан претставува кршење на тој договор.

Слични новости

Украина силно возврати по нападите од Русија

Украина силно возврати по нападите од Русија

Украина синоќа возврати со голем напад со беспилотни летала врз руска воена и енергетска инфраструктура, само ден по смртоносниот руски ракетен напад врз Киев во кој загинаа најмалку 21 лице.