Иран го отфрли американскиот предлог за 48-часовен прекин на огнот, а преговорите меѓу двете страни, кои требаше да се одржат во Пакистан, дојдоа во целосен ќорсокак.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека Техеран категорично го отфрлил американскиот предлог за прекин на огнот. Повикувајќи се на информирани извори, Фарс наведува дека на 4 април, САД испратиле понуда за 48-часовен прекин на огнот преку „една од пријателските земји“.

„Одговорот на Иран на овој предлог не дојде во писмена форма, туку дојде во форма на одговор на терен и продолжени тешки напади“, соопшти иранската новинска агенција.

Во меѓувреме, американскиот весник „Волстрит џурнал“ (WSJ) објавува дека преговорите се целосно блокирани, а американските барања се оценети како неприфатливи.

Иран официјално ги информирал медијаторите за својата неподготвеност да се сретне со американски претставници во Исламабад во наредните денови, објаснувајќи дека САД имаат барања што Техеран ги смета за апсолутно неприфатливи.

Слични новости

Трамп ги заостри условите за мировна спогодба со Иран

Трамп ги заостри условите за мировна спогодба со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ги заостри условите на потенцијалниот договор за окончување на војната со Иран и му испрати променет предлог на Техеран за разгледување, изјавија службеници на американската администрација за „Њујорк Тајмс“.

САД се подготвени повторно да го нападнат Иран ако не биде постигнат договор

САД се подготвени повторно да го нападнат Иран ако не биде постигнат договор

Амриканскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека САД се подготвени повторно да го нааднат Иран доколку не биде постигнат договор, додека Вашингтон и Техеран ги продолжуваат преговорите за надминување на клучните разлики кои ја блокираат спогодбата.