Израел продолжува да бомбардира цели во иранскиот главен град Техеран, а Иран возврати со напади врз повеќе израелски и американски цели. Скај њуз пренесе дека иранската војска лансирала повеќе дронови со долг дострел кон резервоарите за гориво во воздухопловната база Рамат Давид во Израел.
Иранската државна агенција објави дека е погоден американски танкер за нафта во северниот дел од Персискиот залив кој е во пожар.
Во друг напад со ракети и дронови бил погоден аеродромот Нахчиван во Азербејџан кои предизвикале пожар, пренесе Ројтерс повикувајќи се на извори во азербејџанската влада.
Иран соопшти и дека го спречил обидот на прекугранични сепаратисти да влезат во Иран и дека наводно тие групи претрпеле тешки загуби.
Техеран објави и дека отпочнал бран ракетни напади врз американски и израелски цели, но овие информации не се официјално потврдени.
Слични новости
По нападите со дронови врз Кипар, Франција и Грција испраќаат заштита
Кипар ја зајакнува својата одбрана откако Франција најави испраќање фрегата, противракетни и анти-дрон системи, додека Грција веќе распореди четири...
Трамп: САД имаат речиси неограничени залихи на муниција
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека залихите на муниција на САД се на високо ниво и дека „никогаш не биле повисоки и подобри“, односно дека се практично неограничени.
Американската амбасада во Саудиска Арабија погодена со дронови
Во амбасадата избувнал „ограничен пожар“, предизвикувајќи помала материјална штета, соопшти Министерството за одбрана на Саудиска Арабија. Дополнителни осум дронови биле пресретнати и уништени во близина на Ријад и Ал-Карџ.


