Израелските пратеници денеска ќе гласаат за предлогот за распуштање на Кнесетот, што би довело до предвремени избори во Израел кои би се одржале најдоцна до октомври.
Се очекува Кнесетот да биде распуштен, а процедурите брзо да се спроведат, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Поранешните сојузници на премиерот Бенјамин Нетанјаху во партијата „Обединет Тора јудаизам“ минатата недела најавија дека ќе инсистираат на распуштање на Кнесетот.
Како одговор на ова, а во обид да го контролира законодавниот процес и времето на одржувањето на изборите, коалицискиот лидер Офир Кац поднесе закон со кој се повикува на одржување нови избори.
Слични новости
Виктор Орбан ја обвини новата унгарска влада за „тиранија“
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските обвинители ги заплениле серверите на неговата партија „Фидес“ и ја обвини владата на премиерот Петер Маѓар дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем, повикувајќи ги своите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“.
Пакистан се обидува да ги седне Американците и Иранците на преговарачка маса
Пакистан одигра клучна улога во посредувањето при минатомесечниот привремен договор меѓу САД и Иран и сега настојува да ги убеди Вашингтон и Техеран да се вратат на преговарачката маса и да ги решат отворените прашања во согласност со јунскиот меморандум за разбирање.
Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.


