Израелските трупи ја зазедоа стратегиски важната тврдина Бофор, која ја имаат изградено крстоносните војници во јужен Либан, објави израелската армија.

Портпарол на израелската армија соопшти дека израелските сили покренале голема операција со копнени сили фокусирана на воспоставување контрола врз висорамнината Шеба и на продлабочување на ударите врз Хезболах.

Армијата соопшти дека ќе продолжи да дејствува за да ја отстрани секоја закана насочена против Израел. Министерот за одбрана Израел Кац пак порача дека израелските сили ќе останат распоредени во тврдината Бофор.

Тој рече дека израелските војници 26 години по повлекување од Бофор, повторно ја зазедоа тврдината и дека таму ќе останат.   

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.