Златото го продолжи растот втор ден по ред по коментарите од Федералните резерви што ги намалија очекувањата за зголемување на каматните стапки, како и по извештајот дека претседателот на САД,  Доналд Трамп, е подготвен да ја прекине војната со Иран без повторно отворање на Ормускиот Теснец.

Благородниот метал порасна до 2,4 отсто во вторникот.

Доколку се појави мировен договор, златото нагло ќе порасне. Во спротивно, ако дојде до некаква копнена инвазија од страна на американските сили, може да се очекува златото да реагира обратно и да тргне надолу.

Слични новости

Цените на нафтата скокнаа по новите напади на САД врз Иран

Цените на нафтата скокнаа по новите напади на САД врз Иран

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ се зголемија за 3,51 долари, односно 3,72 отсто, достигнувајќи 97,8 долари за барел. Фјучерсите на американската сирова нафта ВТИ се зголемија за 3,31 долари, или 3,73 отсто, достигнувајќи цена од 91,99 долари за барел.