По завршувањето на Светското првенство во фудбал во САД, канада и Мексико, Дидије Дешамп ќе се повлече од местото селектор на репрезентацијата на Франција, а ќе го наследи легендарниот фудбалер Зинедин Зидан.
Претседателот на француската фудбалска федерација Филип Дијало за францускиот весник „Фигаро“ изјави дека името на новиот селектор е познато, тоа ќе биде Зидан и дека околу именувањето на наследникот на Дешамп немало никакви дилеми.
Зидан нема ангажман по 2021, а досега единствениот клуб што го водеше како тренер беше Реал Мадрид.
Слични новости
Мауруцио Сари заминува од Лацио
Искусниот италијански тренер Мауруцио Сари ја оконча соработката со Лацио, само една година откако беше поставен за шеф на стручниот штаб на тимот од Рим.
Меси неизвесен за Светското првенство во фудбал
Капитенот на репрезентацијата на Аргентина Лионел Меси кој се повреди на последниот натпревар на неговиот клуб Интер од Мајами не е потешко повреден, соопшти денеска американскиот клуб.
Волфсбург испадна од Бундеслигата по 29 години
Фудбалерите на Волфсбург испаднаа од Бундеслигата по 29 години, откако во реваншот од баражот беа поразени од екипата на Падерборн со резултат 2:1 по продолженија.


