Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во МИнхен изјави дека е подготвен да распише избори доколку се обезбеди двомесечен прекин на воените дејства, но истакна дека Украина не може да прави територијални отстапки како „компромис“ во преговорите со Русија.

Отако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Киев треба да побрза со постигнувањето договор со Москва, Зеленски рече дека чувствува притисок, но дека Украина не може да побегне од сопствената територија со стотици илјади луѓе.

Зеленски ја обвини администрацијата во Вашингтон дека притиска за територијални отстапки од Украина, но дека не врши таков притисок врз Русија.

Слични новости

Американската амбасада во Саудиска Арабија погодена со дронови

Американската амбасада во Саудиска Арабија погодена со дронови

Во амбасадата избувнал „ограничен пожар“, предизвикувајќи помала материјална штета, соопшти Министерството за одбрана на Саудиска Арабија. Дополнителни осум дронови биле пресретнати и уништени во близина на Ријад и Ал-Карџ.