Воздушниот простор над Иран, Ирак и Сирија е затворен за цивилен сообраќај поради новата ескалација на воениот судир на Блискиот исток, јавуваат светските медиуми. Освен во овие три држави и во Израел е главно запрен цивилниот воздушен сообраќај.

Иран во ножта меѓу 7-ми и 8-ми јуни лансираше ракети врз Израел, а изралеската армија утрово изврши ракетни напади врз Иран, по што властите во Ирак соопштија дека го затвараат воздушниот простор на земјата во следните 72 часа.

Експлозии имало и во Сирија кои биле последица на пресретнувањето на иранските ракети.

Техеран соопшти дека ракениот напад врз израелски цели вил одговор на прекршувањето на примирјето. Ова е прв директен напад врз Израел од примирјето во април.

Слични новости

Трамп разочаран од Израел

Трамп разочаран од Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп е се понезадоволен од постапките на Израел, за кои Вашингтон смета дека може да ги отжнат преговорите со Иран и дополнително да ги подигнат тензиите на Блискиот исток, пишува Политико повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Иран изврши ракетни напади врз американски бази на Блискиот исток во знак на одмазда

Иран изврши ракетни напади врз американски бази на Блискиот исток во знак на одмазда

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда соопшти дека целта на нивните напади била американската Петта флота во Бахреин. Но ирански ракети биле пресретнувани и во Јордан и Кувајт.