Собранието денеска ќе ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред се преостанатите три точки, меѓу кои и предлог-законот за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра, по скратена постапка.

Според предложеното решение, заемот е наменет за општи буџетски потреби, финансирање капитални расходи и рефинансирање на обврски предвидени во Буџетот.

Отплатата е предвидена на седум години, со грејс-период од три години, а каматата ќе биде варијабилна.

Опозицијата остро се противи на новите задолкжувања во странство. 

 

Слични новости

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.