Европската комисија денеска и изрече две кази на американската технолошка компанија „Гугл“ во вкупен износ од 890 милиони евра поради кршење на Законот за дигитални пазари, откако утврди дека американскиот технолошки гигант ја злоупотребил својата доминантна позиција на сопствениот интернет пребарувач.

Освен финансиските санкции ЕК го обврза „Гугл“ во целост да ги запре спорните практики и да примени мерки кои ќе обезбедат рамноправен и недискриминаторски третман на сите сервиси на пребарувачи.

„Гугл“ има рок од 60 дена да го усогласи своето работење во согласност со одлуките на ЕК, а во спротивно се соочува со дополнителни казни кои може да достигнат и до 5 насто од вкупниот светски годишен промет на „Гугл“.

Слични новости

САД биле принудени да употребат повеќе од 60 ракети „Патриот“ за да одбијат ирански напад врз американска база во Јордан

САД биле принудени да употребат повеќе од 60 ракети „Патриот“ за да одбијат ирански напад врз американска база во Јордан

Иранските ракети биле насочени кон воздугопловната база Мувафак Салти, позната и како базата Ал-Азрак во која се стационирани американски авиони и воен персонал. Милитарни наведува дека во нападот биле оштетени девет авиони на американското воено воздухопловство.