Азија досега беше најпогодена од прекините во снабдувањето со енергија од Блискиот Исток, а Европа би можела да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво најдоцна во мај, предупреди директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол.
Иранските напади врз енергетските капацитети и ограничувањата за пловидба низ Ормускиот теснец ги намалија испораките на нафта од регионот за повеќе од 12 милиони барели дневно, рече Бирол.
Април ќе биде многу полош од март – предупреди Бирол, истакнувајќи дека во март нафтата и течниот гас сè уште пристигнуваа на пазарот.
Членовите на ИЕА одлучија кон средината на март да пласираат на пазарот рекордни 400 милиони барели нафта од залихите, најмногу во историјата, потсети директорот на агенцијата, кој рече дека тоа само ќе го ублажи, но нема да го реши проблемот.
Слични новости
Нафтените компании го предупредуваат Трамп дека кризата со недостигот на нафта ќе ескалира
Според проценките на лидерите во индустријата, повторната нормализација на пловидбата низ Ормускиот теснец е единственото долгорочно решение за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар.
Суровата нафта Брент достигна цена близу 105 долари за барел
Суровата нафта Брент денеска достигна цена од речиси 105 долари за барел, што е пораст од повеќе од 40 отсто од почетокот на војната во Иран.
Најниски вредности на акциите на Волстрит во 2026
Акциите на американските берзи продолжуваат да паѓаат под притисок на високата цена на енергентите предизвикани од војната во Иран. Дау Џоунс падна за 1,56 насто и годинава за прв пат затвори под 47 000 поени.


